PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше за македонскиот јазик

Oct 29, 2022

„Со потпишувањето на Договорот за Фронтекс, на македонски јазик без фусноти, без додавки и објаснувања, направивме историски исчекор во интеграциите кон Европската Унија. Го остваривме аманетот на Блаже Конески, македонскиот јазик признаен од сите, на исто рамниште со останатите јазици на ЕУ“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Договорот е одобрен од сите 27 членки, а на него, заедно со македонскиот јазик стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија.

Со овој историски чекор, пропаднаа грубите лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на Левица и Димитар Апасиев.

Токму тие со месеци лажеа дека македонскиот јазик ќе биде избришан, организираа насилни протести, навредуваа и се закануваа кон пратеници, а на крајот кога се гласаа заклучоците кои даваат цврста гаранција за македонскиот јазик, избегаа од салата.

Сопствениот мајчин јазик, македонскиот јазик го омаловажуваа нарекувајќи го бугарски дијалект и „северџански“ јазик со што нанесуваа штета врз македонскиот јазик, но и македонскиот идентитет.

Сега, откако потона секоја нивна лага и манипулација никаде ги нема. Ако веќе немаат доблест да честитаат за успехот, како што не честитаа за членството во НАТО, тогаш барем нека им се извинат на граѓаните.

Нека им се извинат на граѓаните што со месеци ги лажеа, што организираа насилни протести и ги хушкаа граѓаните да прават инциденти и да им се закануваат на пратеници.

Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат со деструктивното дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата.

Колку и за нив да е не прифатливо, Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и тие се водат на официјален македонски јазик признаен од ЕУ, признаен од целиот свет“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ