Куба е целосно без струја откако ураганот Јан го погоди западниот дел на островот, соопшти денеска владата на оваа карипска земја.
Шефот на кубанската електрична компанија објави на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем.
Куба е целосно без струја откако ураганот Јан го погоди западниот дел на островот оставајќи 11 милиони луѓе во темнина, соопшти денеска владата на таа карипска земја.
Официјални лица велат дека електроенергетскиот систем доживеа тотален колапс откако една од главните централи не можеше повторно да се приклучи на мрежата, јавува Би-би-си.
Две лица загинаа во ураганот, десетици илјади беа евакуирани, а бројни згради беа оштетени ширум земјата.
Ураган од трета категорија со ветрови до 125 милји на час сега се движи кон Флорида.