PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(ВИДЕО) Лапсус на хрватскиот министер за здравство стана хит: Здрав човек има сто жени

Oct 28, 2022

Изјавата на хрватскиот министер за здравство, Вили Берош ги насмеа сите Хрвати, пишуваат хрватските медиуми.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На прес-конференцијата на хрватското Министерство за здравство се разговараше за здравствената реформа, а Берош сакаше да употреби позната народна мудрост, но направи лапсус, кој ги насмеа сите.

-Здрав човек има сто жени, рече Берош кој со изјавата предизвика смеа во салата.

Кога сфати што кажа, и самиот се насмеа и призна дека ваквиот лапсус му се случува по вторпат дента.-Ќе се поправам и ќе кажам дека болниот човек има само една желба. Тоа секако е да оздрави, заклучи министерот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ