(Видео) Мецола: Треба да ѝ воведеме ембарго на Русија и да престанеме да ги финансираме бомбите

Apr 5, 2022

[ad_1]

Европската Унија треба да воведе ембарго кон Русија и да ја намали нејзината енергетска зависност за да престане со индиректно финансирање на бомбите, изјави претседателот на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на пленарната седница во Стразбур, повикувајќи на построги санкции.

„Треба да ја зајакнеме нашата стратегија за да ја претвориме оваа нелегална инвазија во најскапата грешка што Москва некогаш ја направила. Навистина треба да одговориме на овие невидени злосторства на кои сме сведоци“, рече Мецола во говорот на отворањето на пленарната седница.

Таа исто така повика на усвојување построги пакет-санкции за Русија нагласувајќи дека Европа треба да ја забрза својата политика на нулта зависност од Кремљ.

„Мораме да ги таргетираме и оние што го поддржуваат и финансираат Путин и да ги затвориме сите тие дупки што сè уште постојат. Олигарсите на Путин и членовите на неговата партија не смее да најдат никакво засолниште“, додаде Мецола.

Европската Унија итно размислува за нови санкции по откривањето на масакрот во Буча, а еден дипломат рече дека новиот пакет може да биде усвоен в среда или четврток.

Мецола побара и дополнителна поддршка за Украинците, кои се борат за европските вредности во невозможни услови.

„Мораме да ја поддржиме Украина: со логистичка и хуманитарна помош и материјални ресурси. Тие нè набљудуваат и бараат помош, не смееме да ги игнорираме“, рече Мецола.

Европратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во Буча, во Ирпин и на другите жртви на војната и насилството.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ