(Видео) Најмалку двајца починати во престрелка во Тел Авив, има и повредени

Две лица загинаа, а осум се повредени во пукотница вечерва во центарот на Тел Авив, соопшти болницата.

Израелската амбуланта соопшти дека тоа се случило во улицата Дизенгоф, полна со луѓе на место на кое има неколку барови и ресторани и на неколку други места околу центарот на градот.

Во соопштението на полицијата се наведува дека мотивот за пукањето е нејасен.

Портпаролот на полицијата, Ели Леви, изјави за израелската телевизија „Канал 13“ дека полицајците биле на местото на нападот. Тој апелира до луѓето да се држат настрана од тоа место.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ја следи ситуацијата во штабот на израелската армија, кој исто така се наоѓа во централниот дел на Тел Авив, соопшти неговиот кабинет.

Израелските медиуми првин објавија дека, според непотврдени информации, напаѓачот е неутрализиран.

Очевидец на пукањето изјавил дека луѓето се криеле под масите, дека некои почнале да плачат и дека е ужасно.

Полицијата подоцна предупреди дека лицето што пукало можеби сѐ уште е во бегство и дека жителите треба да останат дома.

Тензиите се високи по серијата напади на палестинските напаѓачи во кои беа убиени 11 лица во пресрет на светиот муслимански месец рамазан, кој почна пред една недела, пренесуваат медиумите.

Според последните информации, заднината на инцидентот останува нејасна.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...