Вчеравечер во родното Крушево на нашиот неповторлив Тоше Проески, неговите колеги од домашната и регионална естрада го продолжија неговиот аманет.
15 години по последниот незаборавен концерт на Тоше Проески синоќа во Спомен куќата на Тоше повторно се пееше во чест на Тоше и имаше ѕвездено небо за легендарниот музичар.
Публиката уживаше во изведбите на Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов, кои настапија во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше.