PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(ВИДЕО) Огромни бранови во Јадранското море со предупредување за опасност, две лица се удавија во Црна Гора

Jul 27, 2023

Од Управата за поморска безбедност на Црна Гора упатија препорака до капачите и сопствениците на пловни летала да останат на брегот и да не излегуваат на море бидејќи постои висок ризик.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Две лица го загубија животот во разбрануваното Јадранско Море на црногорското крајбрежје. 31-годишен маж од Црна Гора загина на карпите, кај плажата „Сини хоризонти“ кај Тиват, а безживотното тело на руски државјанин е извлечено кај плажата Перазица кај Петровац, соопшти Управата за поморска безбедност.

Истиот ден во брановите беа повредени уште три лица, а во Улцињ имаше неколку спасувачки акции. Состојбата на море поради силниот ветер се уште е ризична.

Од Управата за поморска безбедност на Црна Гора упатија препорака до капачите и сопствениците на пловни летала да останат на брегот и да не излегуваат на море бидејќи постои висок ризик.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ