PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(ВИДЕО)Пелоси си замина од Тајван, остави големи тензии

Aug 3, 2022

Претседателката на американскиот Претставнички дом денес го напушти Тајван откако му вети американска солидарност и ја пофали неговата демократија, оставајќи го зад себе кинескиот гнев поради посетата на островот кој Пекинг го смета за своја територија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Како што пренесуваат агенциите, Пелоси, чија делегација ненадејно го посети Тајван доцна синоќа, по посетата на Сингапур и Малезија, ја продолжува својата азиска турнеја со посети на Јужна Кореја и Јапонија.

Нејзиниот авион полета од тајванската престолнина Тајпеј околу 18 часот по локално време.

 

 

Пелоси отиде на Тајван и покрај советите на Белата куќа и Пентагон да не го прави тоа. Ова е прва посета на некој американски функционер на највисоко ниво на Тајван во последните 25 години.

Американските критичари истакнуваат дека посетата се случи во лош момент кога САД се окупирани со кризата во Украина, а со своето доаѓање 82-годишната политичарка му помогнала на кинескиот лидер Си Џинпинг кој, соочен со низа кризи во земјата, сега има причина за мобилизација на поддржувачите околу прашањето на Тајван пред 20 конгрес на Комунистичката партија во ноември.

Пекинг по слетувањето на Пелоси на островот најави одговор со „целено дејствување“ на својата војска и воени вежби околу Тајван. И Тајпеј и Пекинг ги ставија своите војски во состојба на висока готовност, а шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји предупреди дека американските политичари „си играат со оган“ кога станува збор за статусот на Тајван и дека тоа „нема да биде добро“.

Русија застана со Кина и оцени дека Пекинг има право да ги „преземе потребните мерки за заштита на својот суверенитет“.

Брисел, пак, повика новите тензии да се решат со дијалог и комуникациските канали со Кина да останат отворени за да се избегнат какви било погрешни проценки, а Јапонија изрази загриженост од кинеските воени вежби.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија и никогаш не се откажала од употреба на сила за да го врати под своја контрола. Тајван, некогашна јапонска колонија, во 1949 го преземаа кинеските сепаратисти на Чанг Кај Шек по поразот од партизаните на Мао Це Тунг во централна Кина.

Од тогаш Тајван има своја влада, но Пекинг се противи на секаков официјален контакт на Тајпеј и меѓународната заедница, што наводно го прифаќаат и САД, иако воено му помагаат на островот заедно со Јапонија.

Тензиите меѓу Пекинг од една и Тајпеј и западните држави од друга страна редовно растат поради летовите на кинеските воени авиони во близина на островот, како и минувањето на западните борбени бродови низ Тајванскиот теснец.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ