( ВИДЕО) Потпишан протоколот меѓу Северна Македонија и Бугарија

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка Теодора Генчовска денеска во Софија го потпишаа билатералниот протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија. Протоколот беше потпишан по состанокот на меѓувладината комисија на двете земји.

Османи изјави дека имале конструктивни и суштински разговори за работата на петте групи и, според него, во протоколот може да се види дека доста е сработено и сите кои биле вклучени максимално се вложиле да има проекти, меморанди и документи со кои односите на двете држави отвораат ново поглавје со цел соработката да биде поблиска и заснована на доверба.

„За нас е историска можност што после 17 години кандидатски статус РСМ добива можност да ги почне преговорите уште утре, задутре со ЕУ што почнува последната фаза од нашето пристапување кон ЕУ. Се надеваме и овој билатерален процес на соработка со Република Бугарија, меѓутоа и другиот пат на пристапни преговори со ЕУ ќе овозможат поблиска соработка меѓу двете држави. Очекуваме поддршка од страна на Република Бугарија на овој пат кој што почнува на пристапни преговори на членство во ЕУ“, рече Османи.

Генчовска рече дека средбата била корисна и бил нотиран напредок во сите секторски групи. Според неа, сега останува да се исполни договореното за што ќе биде потребен сериозен ангажман од двете држави. Генчовска порача дека Бугарија е држвата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и Албанија.

По потпишувањето, според најавите, протоколот треба да биде јавно објавен. Со потпишување на протоколот се отвора патот за одржување на првата меѓувладина политичка конференција на С.Македонија и ЕУ.

Покрај Министерот Османи, како дел од Владината делегација на состанокот присуствуваат и Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Заедничката меѓувладина комисија е дел од обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете држави во 2017 година.

 

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...