PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(Видео) Пукање во гимназија во рускиот град Ижевск, најмалку шест лица загинаа меѓу кои и деца

Sep 26, 2022

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Според првичните информации, напаѓачот се самоубил.

Според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, може да се види мртов маж како лежи во една од училниците.

 

– Денеска полицијата добила дојава за пукање во училиштето број 88 во градот Ижевск. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи за Удмуртија.

Јуровикли пренесува дека напаѓачот наводно го убил чуварот, а потоа почнал да пука во децата.

Пукањето почнало за време на часот, кога непознат маж во црн костум влетал во училницата и отворил оган.

 

Водачот на Удмуртија (административниот регион во кој се наоѓа Ижевск), Александар Бречалов, рече дека пристигнал во училиштето каде што се случило пукањето.

Поради ситуацијата во училиштето број 88: вклучени се сите сили и ресурси. На лице место се сите специјалци, како и брза помош. Пристигнав на местото на настанот и веднаш ќе пријавам за сè што се случува, напиша тој на Телеграм.

Министерството за образование на Русија испрати свои службеници во Ижевск, соопшти прес-службата на министерството.

– Во име на министерот за образование на Руската Федерација, Сергеј Кравцов, во регионот веднаш беше испратена група од федералното министерство.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како спасувачите ги изнесуваат раскрвавените деца од училиштето.

 

 

Покрај полицијата и медицинските екипи, има и вознемирени родители кои стравуваат за животот на своите деца.

Мотивот за убиството не е познат,пренесуваат медиумите.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ