PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(Видео) Силен ветар и снег во Пожега, причинета голема материјална штета

Apr 9, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во невремето што ја зафати Пожега, причинета е голема штета на помошната зграда на болницата, јавуваат тамошните медиуми.

„Ветерот го сруши покривот од поранешниот воен магацин околу болницата во Пожега, за среќа без човечки жртви. Надлежните служби за итна помош и болничките служби работат на отстранување на штетите, а здравството продолжува нормално да работи“, изјави директорот на болницата во Пожега, Иван Вукоја.

Жителите велат дека во нивниот крај поминала т.н „пијавица“ и им ги уништиле покривите, објавија тамошните портали.

Невремето предизвикало големи штети на помошниот објект на болницата во Пожега и на градилиштето на идната зграда на Итната помош.

Силни налети на ветер биле забележани и во Бродско-Посавинската жупанија, потврдиле од Жупанискиот центар 112. Во таа жупанија голем број населени места неколку часа биле без струја поради оштетување на доводниот систем.

Пожарникарите се на терен и ја санираат штетата.

Во Горски Котар има снег а град падна и во некои делови на Хрватска, јавуваат хрватските медиуми

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ