PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ВИДЕО: Украински дронови ја нападнаа Москва, еден повреден

Jul 30, 2023

Украински беспилотни летала ја погодија Москва рано утринава, при што едно лице е повредено и оштетени се згради, а летовите на аеродромот Внуково се прекинати, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на официјални извори. Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште две се урнале во Москва, пренесува ТАСС.Едно лице е повредено во експлозијата во зградата, јави ТАСС, повикувајќи се на итните служби. Аеродромот е затворен за пристигнувања и полетувања, соопшти агенцијата. Градоначалникот Сергеј Собјанин претходно изјави дека фасадите на две деловни згради се оштетени, но дека нема жртви, пренесува ТАСС.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Украинската влада не одговори веднаш на барањето за коментар. Русија во понеделникот соопшти дека жестоко ќе возврати на Украина откако два беспилотни летала оштетија згради во Москва, со еден напад во близина на зграда каде војската одржува брифинзи за, како што Русија ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина.

Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров тогаш изјави дека ќе има нови напади со беспилотни летала.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ