(Видео) Загрепскиот градоначалник по лажна дојава за бомба во Арена Центар: „Треба да се најде таа будала“

Едно од последните медиумски соочувања меѓу лидерите на словенечките политички партии пред изборите в недела заврши со скандал бидејќи половина од нив демонстративно го напуштија студиото на Словенечката телевизија, обвинувајќи го водителот за пристрасност, а еден од нив за малку што не се повреден поради несоодветната сценографија.

„Левата нога малку ме боли, но за среќа ништо не е скршено“, изјави Змаго Јелинчиќ, лидер на ултранационалистичката Национална партија, по синоќешното соочување на РТВ Словенија. Тој прв ја напушти телевизиската дебата, жалејќи се дека му дале премалку минутажа во однос на останатите учесници. Напуштајќи го подиумот, пропушти една скалите и кога паднал соборил маса зад камерите.

„Тој што ја смислил сценографијата со високи скалила нема поим, сите моравме да скокаме при заминување, но не размислувам за тужба засега“, рече Јелинчиќ, кој ја поддржува владата на премиерот Јанез Јанша во изминатите две години.

По Јелинчиќ, претседателите на три опозициски партии од левиот центар – Лука Месец, Тања Фајон и Марјан Шарец го напуштиле студиото во знак на протест поради начинот на кој новинарот Игор Пирковиќ ја водел емисијата. По нив истото го направил и претседателот на Партијата на пензионерите, Љубо Јасниќ.

Претседателката на Социјалдемократите (СД), Тања Фајон, рече дека нема смисла да се остане во соочувањето бидејќи Пирковиќ поставувал неважни прашања за кампањата и изборите. Лидерите на опозициската левица оценија дека „хаосот“ создаден во ваквата телевизиска дебата е вистински одраз на состојбите во државата, за што го обвинија премиерот Јанез Јанша, кој, како што велат, предизвикува поделби во општеството и ја задушува слободата на медиумите.

Речиси 1,7 милиони Словенци со право на глас в недела ќе излезат на гласање за да одлучат помеѓу политиката што ја спроведува актуелниот премиер во последните две години и алтернативата што ја ветува менаџерот Роберт Голоб.

Според анкетите, во мртва трка се Јанша и Движењето за слобода кое пред изборите го формираше Роберт Голоб, истакнат менаџер кој долги години раководеше со големата државна енергетска компанија ГЕН.

Словенците в недела ќе изберат 90 пратеници во деветтиот состав на Државниот збор (парламентот) откако Словенија стана независна.

ТОП ВЕСТИ

Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас

Неколку црногорски училишта и градинки утринава добија дојава за подметнати бомби, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку електронска пошта. Министерството за...

Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, сообраќајот во прекин

Возило излетало од патот кај  тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за  МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. –...

Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“. Владата во Берлин,...

Чоколадно смути со овошје

                      Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао – мраз...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...