(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80 лица. Синдикатите повикаа на масовни протести следниот вторник – денот кога во посета на Франција ќе биде британскиот крал Чарлс Трети.

Градското собрание во југозападниот француски град Бордо синоќа беше запалено од страна на демонстрантите кои излегоа на деветтиот по ред масовен протест од почетокот на годината откако францускиот претседател Емануел Макрон најави воведување на пензиската реформа.

По целодневните протести, демонстрантите го запалиле влезот на градското собрание во Бордо.

Пожарот, за чие предизвикување засега не се знае кој е одговорен, бил брзо изгаснат од пожарникарите.

Според извештаите на француското Министерство за внатрешни работи, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, од кои 119 000 во Париз. Полицијата употребила солзавец за разбивање на демонстрантите во главниот град, а 80 лица биле уапсени низ целата земја.

Синдикатите повикаа на масовни протести следниот вторник, што ќе се совпадне со државната посета на британскиот монарх Чарлс Трети на Франција. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин се обиде да ја смири загриженоста велејќи дека на денот на посетата на монархот безбедноста во земјата нема да претставува никаков проблем и дека тој ќе биде добро пречекан.

Синдикатите и политичката левица го оценија вчерашниот ден за успешен, додека власта се надева дека протестите ќе изгубат на интензитет.

Немирите во Франција уследија откако француската влада ја искористи својата специјалната уставна моќ за да го усвои законот за пензиска реформа без гласање во парламентот.

Законското решение предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

За францускиот претседател Емануел Макрон, ваквата реформа е неопходна.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...

Османи во Будва: Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),...