Винисиус постигна гол и танцуваше пред расистичките фанови, Бензема ја докрајчи Мајорка

Реал Мадрид продолжи да импресионира во домашното првенство и оствари нова победа во Ла Лига, овојпат на гостувањето на Палма де Мајорка.

Домашната Мајорка успеа да одолее во првото полувреме и на моменти ги фрустираше фудбалерите на Карло Анчелоти, кои понесени по минатонеделната еуфорија со ПСЖ, повторно головите ги постигнаа во вториот дел.

Винисиус Жуниор беше жртва на еден ужасен старт и на расистички пораки од дел од гледалиштето на стадионот, па поради провокациите, реши да танцува пред несовесните навивачи во моментите кога погоди за 0:1.

Голот на Бразилецот го отвори натпреварот и Мајорка тргна по израмнување, но во таква ситуација, одново до израз дојде класата на Карим Бензема.

Французинот најпрво погоди од пенал за 0:2, а потоа со одличен гол со глава ги постави конечните 0:3 за потврда на новата победа на апсолутниот фаворит за титулата во Примера.

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...