Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до 5 април, пред повеќе од 25.000 купувачи од целиот свет, а на него ќе присуствуваат премиерот Димтар Ковачевски, заедно со албанскиот премеир Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.Вчера премиерот Ковачевски на прес конференцијата во Белград најави дека во функција на унапредување на економиите и зголемување на меѓународниот рејтинг посета на лидерите на трите држави на најголемиот светски саем за вино Винитали.

-Во недела, претедателот Вучиќ и премиерот Еди Рама заедно ќе бидеме присатни во Италија на најголемата светска винска саемска манифестација Винитали на кој ќе имаме штанд Винска визија Отворен Балкан на која ќе се престават најдобрите винарии од нашите три држави и кои што ќе значат зголемување на производството и на извозот на овој значаен производ и за Северна Македонија и за Србија, изјави Ковачевски, додавајќи дека на крајот на третиот квартал и почетокот на четвртиот квартал во Белград повторно ќе се одржи големиот Саем на вино, на кој ќе присуствуваат и македонските винарии.

Претседателот на ПКС денеска им се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерите на Северна Македонија и на Албанија, кои минатата година ја покренаа иницијативата за организирање на првиот саем на вино „Винска визија на Отворен Балкан“.

Чадеж изрази надеж дека купувачите од саемот во Верона ќе го посетат и Белград, кој ќе биде домаќин на регионалниот саем на вино од 16 до 19 ноември, каде што ќе можат да ги дегустираат најдобрите вина од Србија, Северна Македонија и Албанија.

Годинава на Винитали се очекува рекорден број учесници, посетители, излагачи и купувачи, увозници, дистрибутери и нивните здруженија од Европа, но и од целиот свет – од САД, Централна и Јужна Америка, преку Африка до Азија.

– Наше е да го промовираме овој саем во светот и да отвориме што повеќе работни места. Ќе разговараме со најголемите светски купувачи за да дојдат во Белград и да го направат место каде што се прави добар бизнис за винарите – рече претседателот на ПКС.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...

Османи во Будва: Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),...