PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Висок функционер на украинското разузнавање пронајден мртов

Aug 22, 2022

Регионален шеф на украинската разузнавачка служба СБУ е пронајден мртов во неговиот дом во централна Украина, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител. Олександр Наконечни беше пронајден од неговата сопруга со прострелни рани во соба во нивниот стан во градот Кропивницки во саботата, откако слушнала пукање. Полицијата отвори истрага за смртта.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Локалниот политичар Андриј Лаврус на Телеграм напиша дека Наконечни се застрелал. Информацијата не можеше да се потврди независно. Наконечни бил на чело на СБУ во регионот Кировоград од јануари 2021 година.

 

Во јули, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отпушти генералниот обвинител на земјата Ирина Венедиктова и шефот на СБУ, неговиот пријател од детството и поранешен деловен партнер Иван Баканов, наведувајќи десетици случаи на соработка со Русија од страна на официјални лица во нивните агенции.

Зеленски рече дека ќе има ревизија на персоналот на СБУ и неколку високи функционери во агенцијата се отпуштени во текот на изминатите неколку месеци.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ