Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката.

Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини.

Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони. Владата и во следниот период продолжува со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, сé со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки.

Познато е дека ако домашното производство на пченица изнесува 253 илјади тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, секоја година остатокот на пченица се обезбедува од увоз од Србија. Вкупниот увоз на пченица во 2017 година изнесувал 87 илјади тони, додека во 2021 година е намален и изнесува 74 илјади тони.

Увозот на брашно во 2017 година изнесува 53 илјади тони, додека во 2021 година изнесува 41 илјади тони. Увозот на јачмен во 2017 година изнесува 15 илјади тони, а во 2021 година само 950 тони. Ова значи веќе целосно задоволување на домашните потреби од производство на јачмен.

Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и ресорното министерство, континуирано презема мерки коишто значат зголемување на домашното производство на житарици. За прв пат оваа Влада воведе мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%. Ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари и за прв пат започнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште. Годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...