Влада: Македонија, Албанија и Србија заедно обезбедуваат храна и струја за своите граѓани пред почетокот на зимата

Денес во Тирана продолжува работата на меѓувладините групи и стопанските комори на земјите членки на Отворен Балкан со фокус на менаџирање и брза реакција при катастрофи и несреќи, при недостаток на храна и при енергетска криза.

Во услови на светска економска и енергетска криза, регионалното поврзување со цел поголема енергетска стабилност е најголемиот фокус на Владата на Македонија, а истата цел ја делиме и со нашите партнери и пријатели од регионот. Наш заеднички приоритет е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети како и безбедно и стабилно снабдување со енергенси кои се достапни за нашите граѓани.

Трите држави се согласија дека обезбедувањето храна во услови на светска криза претставува предизвик и приоритет поради што Македонија, Србија и Албанија создаваат механизми за меѓусебно помагање.

Дополнително во организација на министерката за земјоделство на Албанија Фрида Крифца, денеска во Тирана ќе се одржи средба на претставниците на трите држави со албанските откупувачи и дистрибутери со цел да се разгледаат нови можности за увоз и извоз на шеќер, масло, брашно и сол во регионот по услови кои се поволни за македонската, српската и албанската економија.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...