Владата предлага закон што ќе овозможува промена на полот

Владата го предложи Законот за матична евиденција со кој се создава право на едно лице да го промени полот (во документите). Предлогот кој го носи потписот на поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и неговиот заменик Агим Нухиу има и европско знаменце, дознава Алсат.

Одредбите што ги предлага извршниот орган му овозможуваат на лицето само преку лична карта и изјава заверена на нотар да се произнесе за чувството за својот пол, односно да го промени од машко во женско или обратно.

Извори од пратеничките групи велат дека со измените во овој закон се создаваат можности за изменување и дополнување на Законот за семејство, односно можност да се дозволат истополови бракови.

За овој закон се очекува да се расправа на пленарна седница во вторник.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...