Владата усвои таргетирани мерки за намалување на трошоците во јавниот сектор

Со новите антикризни мерки:
👉 Сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10%.
👉 Се забранува започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила.
👉 Сите буџетски корисници и правни лица основани од државата се задолжени за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службените возила.
👉 Сите буџетски корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство.
👉 Јавните претпријатија и АД во државна сопственост се задолжени да ги намалат тековните расходи за 15%.
👉 Им се препорачува на регулаторните тела, на единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи кои се под надлежност на општините, да ги следат донесените мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.
Антикризните мерки се со важност до крајот на 2022 година, со цел да се рационализираат трошоците во јавниот сектор. Сите институции се должни рационално и одговорно да го трошат Буџетот и да ги намалат трошоците, за полесно надминување на енергетската и ценовната криза со која се соочуваме.

ТОП ВЕСТИ

Роналдо по новиот рекорд: Одлично е што уште играм и постигнувам голови

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIКристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот...

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...