PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Владина делегација одаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Oct 11, 2022

По повод Денот на народното востание – 11 Октомври владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски со високи почести положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Во владината делегација во Куманово се и Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На Спомен-костурницата во Куманово во тек е централната манифестација „Секогаш на вистинската страна“ посветена на државниот празник, на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ