ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизите за 50%, така литар дизел ќе поевтини за 9,5 денари

ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизите за 50%, така литар дизел ќе поевтини за 9,5 денари, а литар бензин за 13 денари.

За време на владата на заевизмот драстично се зголемија цените на горивата, а причината за тоа се акцизите и таксите кои ги воведоа. Пред година и половина литар дизел гориво чинеше 46 денари, а денес литар дизел надминува 75 денари со тенденција уште да расте. Дополнително, цената на литар бензин изнесуваше 50 денари, а сега цената надмина 84 денари. Овој раст на цените е од 65 до 70%.

Практично со ваквиот раст на цените на горивата се удира директно по буџетот на граѓаните, но и на економијата. Цените на горивата кои се клучни за стандардот, растат, а на власта администрирана од Ковачевски око не и трепнува.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ дава конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари. Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи.

Ова е значајна помош за граѓаните и стопанството. Секој денар кој ќе го заштедат фирмите и граѓаните во вакви тешки времиња и тоа како значат за да можат да го преживеат месецот.

Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа. Овие тешки времиња бараат одлучни чекори, а не беспредметни „вонредни” видео обраќања.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...