PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да си поднесе оставка, доволно ја замајува јавноста за убиството на Тот кое сакаа да го прикријат

Apr 13, 2022

Оливер Спасовски уште повеќе се заплеткува со скандалозни изјави поврзани со убиството на ракометарот Денис Тот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Спасовски 5 дена после убиството кажува дека ја имаат снимката од убиството, откако целата јавност ја виде, а не објаснува зошто МВР два дена после убиството тврдеше дека немало насилство и информираше дека ракометарот не бил претепан.

Спасовски ни малку не ја убеди јавноста дека МВР не го заташкува случајот, туку напротив.

Впрочем, Спасовски 5 дена после настанот најави дека за едно од лицата се трага и дека после 5 дена „ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“?!

И реакцијата на МВР и ставовите кои МВР ги даваше за случајот говорат дека нешто се крие и се забошотува. Доволно Спасовски ја замајува јавноста.

Затоа Спасовски треба да поднесе оставка веднаш.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ