ВМРО-ДПМНЕ: Стејт Департментот нотира корупција, напади на новинари, полициска бруталност

Стејт Департментот нотира корупција во владините редови, напади на новинари, полициска бруталност – Власта на СДСМ носи само порази, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Владините функционери се подлежни на корупција. Такви примери имаме безброј. Доволно е само да ги погледнеме случаите на Рашковски и Зекири и да видиме како работела цела влада.

СДСМ и ДУИ крадат на сите ешалони, од полициски началник на граница, како примерот со Шкрета, до генерален секретар на влада.

Новинарите не се слободни да си ја извршуваат својата работа, тие се напаѓани, но и често мета на прогон на владините функционери.

Полициската бруталност е само продолжение како работи Спасовски, криминалците се на слобода, а се удира по обичен народ.

Вистинската слика за владата на СДСМ и ДУИ е многу криминал, и тоа е отсликано и во Извештајот на Стејт Департмент, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...