PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Во Австрија отворена истрага – се проверува зошто не паднале цените на горивата

Mar 21, 2022

Австриската управа за конкуренција (BWB) денеска објави дека покренала истрага за малопродажните цени на горивата, која ќе вклучува анализа на движењето на цените во соседните земји, како Словенија и Унгарија. Истрагата треба помеѓу другите актуелни случувања, да ја утврди причината за сегашните цени и недостатоци или ограничената конкуренција, се вели во соопштението на BWB.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во австриската јавност растат критиките за континуираните високи цени на горивата и покрај падот на цената на нафтата на меѓународните пазари минатата недела. BWB ќе ги анализира цените и маржите на бензинските пумпи и ќе утврди дали се во согласност со прописите за конкуренција, а истрагата ќе ги вклучи и рафинериите, велат од таму.

„ Важни елементи на системската анализа ќе бидат движењата на цената на суровата нафта, цените, трошоците и обемот на рафинериското производство и нивото на цените и циклусите на цените на бензинските пумпи“, информираат од компанијата.

Ќе се земе предвид и состојбата во „некои соседни земји“, истакнувајќи дека, поради замрзнувањето на цените во Словенија и Унгарија, треба да се очекуваат различен притисок на конкуренцијата и промени на цените во пограничните региони.

BWB започна слична истрага во овој сектор во 2011 година.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ