PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Во Будимпешта демонстрантите блокираа мост поради најавеното зголемување на даноците

Jul 12, 2022

Околу 1.000 демонстранти блокираа мост во централна Будимпешта додека парламентот расправаше за владиниот предлог на премиерот Виктор Орбан за зголемување на даноците на стотици илјади мали бизниси. Демонстрантите се собраа на плоштадот пред парламентот, потоа се упатија кон блискиот мост на Дунав блокирајќи го сообраќајот во двата правци на мостот што ги поврзува Будим и Пешта.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Виктор Орбан се соочува со најголемите предизвици откако ја презеде власта во 2010 година, со највисока инфлација во последните 20 години, рекордно низок курс на форинтата и замрзнати средства од европските фондови поради спорот за демократските стандарди. Вчера неговата влада испрати до парламентот измени на законот со кои драстично се заострува даночниот режим што малите бизниси го користеа за едноставна администрација и ниски даночни стапки.

Но, владата вели дека некои компании ги злоупотребиле и ги принудиле работниците да влезат во шемата за да ги намалат трошоците, што довело до еден вид на прикриена работа. Откако ќе бидат усвоени од парламентот, новите правила треба да стапат на сила во септември.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ