Во Центар Жупа повторно не е избран градоначалник

Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник.

Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 се неважечки.

ДИК информира дека кандидатот со реден број 1, Шаин Шаќир, предложен од ДНЕТ, освоил вкупно 165 гласа, додека кандидатот со реден број 2, Аријан Ибраим, предложен од ДПТМ, освоил вкупно 1887 гласа.

-На денешните избори од вкупно запишаните 7077 лица со право на глас, гласале 2121 лице или 29,97 отсто, со што не е постигнат потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. Кандидатот Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, освои 1887 гласови или 89,1 отсто, додека Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците 165 гласови ли 7,78 отсто, изјави синоќа за МИА, Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.

Двајцата кандидати беа во трка за градоначалничката функција и на изборите на 17 октомври минатата година. Тогаш, Ибраим, освои 1.342 гласови или околу 72 отсто а Шаќир 482 гласа или 26 отсто. Вкупната излезност беше 25,77 отсто од тогаш запишаните 7317 гласачи.

Изборниот ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места, кои беа отворени во 7 и затворени во 19 часот.

Поради необезбеден цензус во октомври, со одлука на Владата на Северна Македонија на 14 ноември Ибраим, кој два мандата е на функцијата, беше наименуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа општина.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...