Во два дена пронајдени мртви двајца руски олигарси и нивните сопруги и ќерки

Двајца руски олигарси се пронајдени мртви во два дена, заедно со нивните сопруги и ќерки.

Владислав Авајев, поранешен потпретседател на „Гаспромбанк“, бил пронајден мртов со прострелна рана во неговиот стан во Москва во понеделникот, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Одделот за истраги во Москва не ги наведе имињата на жртвите во својата јавна објава за случајот, но ТАСС пренесува дека неименуван извор го потврдил нивниот идентитет, пишува „Бизнис инсајдер“.

Истражителите во своето соопштение посочиле дека ја застапуваат теоријата оти Авајев ги убил сопругата и ќерката, а потоа и себеси.

На повеќе од 3.000 километри подалеку, во Шпанија, друг олигарх, Сергеј Протосења, бил пронајден обесен, а неговата сопруга и ќерка избодени до смрт, објави шпанскиот ТВ канал „Телесинко“. Неговото тело е пронајдено во вторникот, пишува шпанското списание El Punta Vui.

До телото на Протосења имало крвав нож и секира, јави „Телесинко“.

Тој бил поранешен потпретседател и главен финансиер на „Новотек“, голема компанија за гас која, според „Бизнис инсајдер“, имала блиски деловни врски со „Гаспромбанк“.

Протосења со сопругата и ќерката престојувал во изнајмена луксузна вила во Лорет де Мар, каталонски крајбрежен град во близина на Барселона, за време на велигденските празници, наведува „Телесинко“.

Полицијата ја алармирал неговиот син, кој од Франција неуспешно се обидел да стапи во контакт со семејството.

Каталонската полиција во вторникот потврди дека истражува три смртни случаи, без да објави имиња. И тука постои теоријата дека Протосења си го убил семејството пред да си го одземе животот.

Тој не оставил порака, а на неговото тело немало траги од крв, објави El Punta Vui, без да се повикува на извори. Неговото богатство се проценува на околу 4,3 милиони долари, според „Телесинко“.

За овие двјаца руски олигарси не биле воведени санкции од западните земји.

 

 

 

*Фотографијата е од вилата во која, според шпанските медиуми, е пронајден мртов рускиот олигарх

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...