Во Германија можно задолжително носење заштитни маски

Во Германија како дел од мерките за справување со пандемијата на Ковид-19 можно е од октомври на сојузните покраини да им се овозможи да воведат обврска на населението за задолжително носење заштитни маски.

Министерството за правда на Германија се огласи по повод нацрт-законот за заштита од инфекции договорен со Министерството за здравство, а што е на сила до 23 септември.

Со напомена дека во есенските и зимските месеци се очекува пораст на бројот заболени од Ковид-19, во соопштението се наведува дека се неопходни измени на Законот.   Нацрт-законот што вклучува нови правила, а што би требало да важи за периодот од 1 октомври годинава до 7 април 2023, во текот на овој месец ќе биде доставен до Владата.

Според измените, обврската за носење маски во воздушниот сообраќај и во јавниот превоз низ Германија ќе продолжи да важи и после 1 октомври. Меѓу другото, на сојузните покраини ќе им биде оставена можноста да воведат мерки за задолжително носење маски на јавни места како би се обезбедило нормално функционирање на здравствениот систем.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...