Два пожари има вечерва на подрачјето на Куманово.
Гори на Градските гробишта и кај Ловечки дом.
Екипите се на терен и ги гасат пожарите, соопштија од ТППЕ Куманово. Пожари деновиве имаше во повеќе региони во земјава. Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) јавуваат дека удари на гром предизвикале пожари.