Во Мариупол веќе нема храна за децата, вели заменик градоначалникот


Заменик-градоначалникот на опколениот Мариупол, Сергеј Орлов, изјави за Би-Би-Си дека луѓето во градот почнуваат да умираат од глад и дехидрација бидејќи залихите на храна и вода се на многу ниско ниво, а хуманитарната помош не може да влезе во градот.

„Некои умираат од глад и дехидрација. Некои умираат од недостаток на лекови, инсулин… умираат затоа што не можат да стигнат до здравствена заштита“, рече Орлов.

„Некои мајки немаат млеко. Што да прават со бебињата? Не знам. Во цел град нема храна за децата“, рече заменик градоначалникот.

Орлов вели дека повеќето болници во градот биле уништени со „постојано бомбардирање и гранатирање“.

Комуникацијата во градот е отежната, телефонските мрежи работат наизменично. Жителите најголем дел од времето го поминуваат во засолништа и подруми без струја и вода.

„Луѓето се обидуваат да преживеат. Тие делат храна и вода, а на улиците се собира огревно дрво“, рече Орлов.

Во Мариупол има околу 100.000 луѓе. Сите обиди за масовна евакуација пропаднаа, иако во последните денови илјадници луѓе успеаја да го напуштат градот со приватни возила.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...