Во Нова Градишка откриен нов споменик на Тоше Проески /ФОТО


Денеска, во Нова Градишка, Хрватска, на шеталиштето „Новоградишки куриозитети“, беше откриен споменик на Тошe Проески . Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тоше Проески, која е дел од љубовта и почитта кон него и кон целиот македонски народ, потекнува од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват.

На откривањето присуствуваа нашиот абмасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, ветераните на македонската ракометна репрезентација на чело со Пепи Манасков, граѓани на Нова Градишка. Градоначалникот Гргиќ кажа дека една несреќа направи два народа, македонскиот и хрватскиот, и две општини, Крушево и Нова Градишка, да се запознаат и да соработуваат благодарејќи на песните на популарниот македонски поп пејач, Тоше Проески.

„Она што не поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Нека живее нашето пријателство и натаму, нека живее и споменот за Тоше преку овој споменик. Слава му“, изјави Христовски.

Амбасадорот Фетаи потсети на мисијата на Тоше, кој со својата песна и неизмерна љубов која ја ширеше насекаде, во текот на неговиот краток животот, а особено после трагичната смрт, придонесува за градење на пријателски мостови меѓу македонскиот и хрватскиот народ.

Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тоше Проески, која е дел од љубовта и почитта кон него и кон целиот македонски народ, потекнува од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват. Статуата е дело на уметникот Славко Буниќ, а покрај тоа што е симбол на пријателството меѓу Нова Градишка и Прилеп, постојаниот лик на Тошe Проески ќе не потсети на неговата уметност, музика и чувствата кои неговата музика ги предизвикува во нас. (Љ.А.)

ТОП ВЕСТИ

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...

Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн

Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а...