PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Во смртоносното стампедо во Сеул загина и младата актерска и пејачка ѕвезда

Nov 1, 2022

К-поп ѕвездата и актер Ли Џихан (24) е потврдено дека е една од жртвите на морничавото стампедо на „Ноќта на вештерките“ во Сеул во кое загинаа повеќе од 150 луѓе.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Џихан се прослави на натпревар во пеење во Јужна Кореја, пред успешно да се посвети на актерството.

Објавувајќи црн квадрат на Инстаграм, тие во својата изјава напишаа дека се „скршени од тажната вест“ за неговата смрт и им порачаа на обожавателите дека Џихан „стана ѕвезда на небото и нѐ напушти“.

Двете агенции кои ја претставуваат ѕвездата – „935 Ентертејмент“ и „9Ауто ентертејмент“ – ја потврдија веста во неделата. Објавувајќи црн квадрат на Инстаграм, тие во својата изјава напишаа дека се „срцето им е скршено поради тажната вест“ за неговата смрт и им порачаа на обожавателите дека Џихан „стана ѕвезда на небото и нѐ напушти“.

Изразувајќи искрено сочувство до неговото семејство и сите кои го сакаа, тие го нарекоа „прекрасен и топол пријател за сите“, напишаа и за неговата блескава насмевка и му оддадоа почит на страста кон актерството, посакувајќи му среќа на последното патување.

Џихан се прослави во јужнокорејското реално шоу „Произведи 101“ во 2017 година, каде 101 кандидат за К-поп се натпреваруваа за место во 11-члениот бенд за момчиња. И покрај тоа што не беше избран да биде дел од последниот бенд „Wanna One“, Џихан ја искористи платформата за да се посвети на актерството, глумејќи во јужнокорејската средношколска драма „Денес беше уште еден ден на Нам Хјун“.

Поранешните натпреварувачи во шоуто „Произведи 101“, Парк Хисеок, Ким До-хјун и Чо Џин Хјунг, исто така, му оддадоа почит. Во заедничкото соопштение тие напишаа: „Џи Хан го напушти овој свет и замина на удобно место. Ве молиме, збогувајте се со него на неговото последно патување“.

Погребите на жртвите се веќе во тек, а владата на Јужна Кореја соопшти дека ќе понуди поддршка за трошоците за погреб. Погребот на Ли Џихан ќе се одржи на денеска.

Јужна Кореја прогласи национална жалост до 5 ноември.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ