Во Собранието и денес напнато, опозицијата со вувузели и навреди кон владејачкото мнозинство

Со остра реторика, транспаренти, жестоки напади кон владејачкото мнозинство и свирење со вувузели од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, денеска продолжи расправата во Собранието за францускиот предлог на преговарачката рамка. Атмосферата ни малку не попушти во однос на вчера, напнатоста останува како и длабоката поделеност меѓу владиното мнозинство и  ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Жаклина Петровска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во Македонија во моментов се случува, како што рече револуција, против францускиот предлог. Таа го нарече премиерот Ковачевски „предавник“ а пратениците „слуги на ѓаволот“ и со недолични зборови го прозва шефот на дипломатијата Бујар Османи поради што доби опомена од спикерот Талат Џафери.

На Петровска и реплицираше Даниела Николова од СДСМ велејќи дека му се закануваат на народот за да не ја види вистината. „Извадивте бугарски пасоши, на маичките ви е Гоце Делчев а во срцето ви е Тодор Александров“, рече таа надвикувајќи се со вувузелите кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги активираа кога зборува пратеник од СДСМ. „Вие сте една антиевропска коалиција која сака да дојде на власт“, и рече таа на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од опозициската група Здравко Трајанов рече дека и по 32 години независност Македонија е се уште буре барут. „Со овој документ е загрозена македонската држава. Народот го препозна тоа. Ги повикувам пратениците да не го гласаат затоа што со него Македонија ќе остане буре барут во Европа“, рече тој.

Пратеничката од владиното мнозинство Санела Шкриељ им порача на опозициските пратеници дека можат „да свират и урлаат колку сакаат“ но дека патот кон ЕУ ќе продолжи. „ЕУ ги разобличи сите ваши лаги“, им рече таа.

Во својот говор, пак, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска рече дека „наследниците на партизаните и ставаат надгробна плоча на Македонија“, и ги нарече СДСМ „бесрамни квислинзи“ а во контрареплика подоцна еден од пратениците го почести со навреда „благонадежно Б’лгарче од Велес“.

На таквиот настап на опозициските пратеници пратеникот од владејачкото мнозинство Ненад Коциќ излезе на говорница завиткан во македонското државно знаме и рече дека „луѓето што ги изговараат навредите се за лечење“.

Пратеникот и екс-шеф на дипломатијата Антонио Милошоски дискутираше дека земјите членки на ЕУ немаат консензус за прием на земјите од Западен Балкан, и истакна дека Македонија не е заштитена во преговарачкиот процес кој ќе се претвори, како што рече, во бугарски диктат. „Нема да има меѓувладина конференција туку фото-сесија во Брисел. Преземавте обврска да го смените Уставот а немате мнозинство“, рече Милошоски.

Пратеничката од владејачкото мнозинство Марија Георгиевска ги праша ВМРО-ДПМНЕ која е алтернативата на ЕУ и побара да ја претстават на граѓаните. „Кажете им на граѓаните која алтернатива им нудите наместо ЕУ и како ќе го смените ставот на Бугарија“, му се обрати таа на Милошоски.

Пратеникот од СДСМ Миле Талевски им рече на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека го газеле македонското знаме на Илинден и дека го величаат Тодор Александров. „11 години ја држевте Македонија во заложништво, сега се борите само да го спасите криминалот во вашите редови. Народе македонски, бидете горди на СДСМ, Македонија оди во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет“, рече тој позирајќи со македонското знаме со кое излезе обвиткан на говорницата.

Во Собранието и денес театрално се кине текстот на францускиот предлог, се покажуваат фотографии од настанот во Ваташа за кој пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев рече дека го направила „бугарската фашистичка гнасна рака и ја завила Ваташа во црно“ стрелајќи ги младинците од отпорот, и ги повика СДСМ да не ја завиткаат Ваташа уште еднаш во црно овојпат во Собранието.

Расправата продолжува без позначајни инциденти освен вербалните навреди кои се без преседан во македонската парламентарна историја.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...