PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

(Вознемирувачко ВИДЕО) Страотна сообраќајна несреќа во Бутел

Aug 1, 2023

Во синоќешната страотна сообраќајна несреќа во скопската населба Бутел загина пешак при судир на два автомобили на крстосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска ударна бригада“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-Во 23.25 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Словенечка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото „мерцедес“ удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје, соопшти МВР.

Тешко повреденото момче било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. Смртта била констатирана од лекар во Ургентниот центар.

Во видеото од безбедносните камери се гледа како настрада младиот скопјанец додека стои на пешачкиот остров на крстосницата, кога пред него се судираат двете возила.

Напоменуваме, ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!!!

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ