PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Врховниот судија се жали: И судиите имаат проблеми ама никој не ги прашува

Feb 23, 2022

Новоформираниот состав на Советот за етика во судството треба да даде една нова димензија во етичкото однесување на судиите, односно судиите да бидат повеќе присутни во јавниот живот и со својот личен габарит да ја креваат завесата околу тоа каква е судската власт.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-Јас знам некогаш да кажам дека во државата за сѐ што се случува виновно е судството, па дури и ако е загаден воздухот, па и да имате проблем на граница. Но факт е дека има проблеми во судството. Се зголемува обрачот, стегањето, критиките околу функционирањето на судството, но сметаме дека судството недоволно возвраќа со аргументи во однос на јавното мислење за тоа што се случува во судството, вели за Утрински брифинг врховниот судија д-р Џемаили Саити.

-Медиумите милуваат да повеќе да пишуваат за негативните страни во судството. Вие може да имате 1.000 добри одлуки, само со една лоша одлука станувате корумпирано или некадарно судство. Во таа насока сметам дека судството треба да биде малку поофанзивно, односно органите кои ги претставуваат судиите – Судскиот совет и Врховниот суд како носител на судската власт, но тука не помалку треба да е гласот и на Здружението на судиите, изјави за Утрински брифинг д-р Џемаили Саити, врховен судија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ