Втор ден Минхенска безбедносна конференција, Османи на средби со министрите за надворешни работи на Холандија, Исланд и Јордан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре во рамките на 58-та Минхенска безбедносна конференција ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Вопке Хоекстра, а ќе се оствари средба и со министерот за надворешни работи на Исланд, Тордис Колбрун Рејкфорд Гилфадотир, како и со Ајман Сафади, заменик премиер и министер за надворешни работи на Јордан.

Османи ќе има состаноци и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со баварската државна министерка за европски прашања и меѓународни односи во покраинската канцеларија на Баварија, Мелани Хумл, како дел од активностите на владината делегација, предводена од премимерот Ковачевски.

Во програмата на министерот се предвидени и средби со Дејмон Вилсон, претседател на Националниот фонд за демократија на САД и со поранешниот генерален секретар на НАТО и висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана.

Во текот на денот министерот Османи, ќе има и свое излагање на специјален настан организиран од сојузната министерка на Германија, Аналена Баербок, поветена на земјите од Западен Балкан, на која се очекува да присуствуваат повеќете министри за надворешни на овој регион.

Посетата на Минхен, Османи ќе ја искористи и да го посети Генералниот конзулат на Северна Македонија, каде што ќе има можност да се сретне со претставници од нашата дијаспора и на некои од нив да им врачи патни исправи, издадени од базната станица која е поставена во овој конзулат.

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...