Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има големи кадровски промени во идната Влада на Србија, но оти за идниот владин состав ќе одлучува новиот премиер и дека своето мислење ќе го каже на состаноците на партиските органи. „Не мора да бидете во владата десет, 15 или 20 години само затоа што мислите дека треба. Мислам дека е потребна и нова енергија“, рече Вучиќ.
Вчера српските медиуми јавија дека актуелниот министер за финансии Синиша Мали е најсериозен кандидат за нов премиер на Србија. Медиумите јавуваат дека тој „веќе пишувал експозе“. Сепак, како што се додава, додека не завршат консултациите во Српската напредна партија и пошироко и додека претседателот Вучиќ не донесе конечна одлука, тешко е да се каже со сигурност. кој навистина ќе биде нов премиер на Србија“.