Вучиќ: Спремни сме да помогнеме на Македонија оваа зима

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во емисија на „Пинк ТВ“ најави дека доколку е потребно, Србија е спремна повторно да и помогне на Македонија. Оваа изјава доаѓа непосредно по најавувањето на „тешка зима“, како од европската, така и од домашната политичка елита.

Оваа помош тој ја најави во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, но, важно е да се напомене дека Србија под претседателството на Вучиќ повеќе пати и има помагано на Македонија и пред постоењето на оваа иницијатива.

Тој додаде дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнеме на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас, кажа Вучиќ.

Потсетуваме, во време на пандемијата, кога ЕУ и стратешките партнери не беа спремни да помогнат на Македонија, Вучиќ прв и помогна на државата со донирање вакцини, кога Владата на Заев немаше набавено ниту една вакцина.

Исто така, во периодот кога се појави кризата од недостиг на основни прехрамбени продукти и започна енормната инфлација, Србија испрати количини на брашно и масло што постојано пристигаа во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...