Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност поради актуелните настани во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Почетокот на седницата е закажан за 13 часот.

Потоа во 15 часот ќе се одржи седница на Владата на Србија на која Вучиќ ќе се обрати пред членовите.

Тој во средата изјави дека Србија со одговор на кризата во врска со Украина ќе излезе во следните 48 часа и дека ставот на Србија ќе биде принципиелен како и досега, заснован на почитување на меѓународното право.

– Разговарав со премиерката Ана Брнабиќ, која е во технички мандат (поради изборите), но за да не бараме изговори во технологијата и проблемите со кои се соочуваме во моментов, ќе излеземе со целосен одговор на кризата во следните 48 часа, изјави Вучиќ.

ЕУ очекува Србија да се усогласи со санкциите против Русија, а вчера беше најавено дека Вучиќ денеска треба да одржи состанок и со амбасадорите на земјите на Квинта и со шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија на оваа тема.

Според Вучиќ, Србија е во многу тешка ситуација и е под голем притисок да се придружи на санкциите на ЕУ и да ги осуди потезите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

Според аналитичарите, Србија е ставена пред економски и политички предизвик, поради нејзината политика за зачленување во ЕУ и негување добри политички и економски односи со Русија, како и незачленување во НАТО, или дека се приближува крај на политиката на „седење на две столчиња“.

ТОП ВЕСТИ

Нов метод за снимање на системот за варење со далечинско управување > Опсервер

Минијатурната капсула „Навикам“ („NaviCam“) може да направи револуција во дијагнозата на проблеми со дигестивниот тракт. <!-- N_Inpost 300x250_2 Ендоскопите со капсули...

Чоколадно смути со овошје

Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао –...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...