Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во вечерашното издание на „Трилинг“ изјави дека имаме јасни обврски од целиот пакет, јасни обврски од Протоколот којшто беше потпишан во Софија, и дека со тоа за Северна Македонија патот е отворен само треба како држава да ги спроведуваме нашите обврски, додавајќи дека со одржавањето на првата Меѓувладина конференција и првата сесија на скринингот на земјата ѝ се отвора еден пат за движење, на чекорење напред.
Околу унилатералната изјава со Софија, вицепремиерот Маричиќ истакна дека и двете држави дале унилатерални изјави, кои немаат никаква важност за целокупното користење на македонскиот јазик во Европската Унија ниту пак за ставот на другите држави членки.