Денеска со почеток во 20,15 часот ќе се одржи 57- та седница на Владата на Македонија, информираат владините служби. Нема информација што ќе биде на дневниот ред, меѓутоа повеќе од сигирно е дена владиниот каб инет ќе заседава за модифицираниот француски предлог за спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Само петнаесет минути подоцна, според владините служби, премиерот Димитар Ковачевски ќе одржи конференција за медиумите.
За вечерва е најавена и седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по што ќе следува изјава за медиумите.