За време на изборите во Србија евидентирани повеќе инциденти


Во Србија граѓаните од 07 до 20 часот гласаат на претседателските избори, предвремените парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини. За околу 100.000 гласачи од Косово гласањето на изборите е организирано во најблиските општини во централна Србија.

Според Цесид и Ипсос, до 14 часот гласале 30,4 отсто од запишаните гласачи. Според податоците на РИК, од запишаните 6.502.307 до 12 часот гласале 20,52 отсто од гласачите, јавува МИА:

– Денеска е голем ден, верувам дека излезноста ќе биде голема, дека граѓаните ќе ја изберат својата иднина и продолжување на економскиот напредок на Србија. Верувам дека изборите ќе поминат во најдобар ред и очекувам и верувам во значајна и убедлива победа-изјави актуелниот претседател и кандидат на СНС, Александар Вучиќ, на гласањето во Белград.

Набљудувачите на Цесид и ЦРТА соопштија дека веќе во првиот дел од изборниот ден забележале повеќе случаи на физичко и вербално насилство на избирачките места, непочитување на процедурите, сликање на гласачките листи, користење на мобилните телефони, физичка пресметка во Нови Пазар поради што доцнеше отворањето на едно гласачко место, а информираат и за голем број други насилни инциденти.

РИК потврди дека во Земун е дојдено до физички напад врз лидерот на опозициското Движење на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, како и на еден пратеник на владејачката СНС во Чачак и на член на движењето „Да не го давиме Белград“.

– Припадниците на Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите мерки и дејствија за расветлување на околностите за инцидентите што се случија на денешниот изборен процес во Чачак и белградската општина Земун-соопштија од МВР.

Изборите во Србија ги следат повеќе од 4.000 набљудувачи од домашните организации ЦРТА и ЦЕСИД, како и делегации од Европскиот парламент, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Европската мрежа на организации за набљудување на изборите (ЕНЕМО).

На претседателските избори на гласачкото ливче има осум кандидати, а за парламентарните се пријавени 19 листи.

Во два града и 12 општини се гласа за состав на локални парламенти – во Белград, Бор, а советници ќе се избираат во општините Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Севојно, Лучани, Књажевац, Медвеѓа, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.

Граѓаните избираат и 110 советници во белградското Собрание, кои потоа ќе го изберат градоначалникот на главниот град на Србија.

Првите прелиминарни резултати РИК ќе ги објави 24 часа по затворањето на гласачките места, в понеделник на 4 април до 20 часот.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...