Забрчанец: Руската агресија врз Украина ја обедини демократијата

Ако видиме досега како им оди односно не им оди во оваа аргументирана расправа на руските хакери во хибридниот свет или во виртуелниот свет се согласувам дека тоа е причината зошто не одат понатаму во хакерски напади, рече Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи во Утрински брифинг.

Забрчанец вели дека за прв пат НАТО или западниот демократски блок демонстрира една консолидираност во комуникациите. НАТО има јасна, чиста комуникација. Северна Македонија е дел од тој комуникациски систем има јасни повторувачки пораки.

Она што сакам да го покажам како паралела е дека за прв пат НАТО или западниот демократски блок демонстрира една консолидираност во комуникациите. НАТО има јасна, чиста комуникација. Северна Македонија е дел од тој комуникациски систем има јасни повторувачки пораки. Тоа е за вчудоневидување, како еден демократски блок успеа да се сосредочи и во краток период да демонстрира, да „бомбардира“ со една прецизна комнуникација.

Забрчанец смета дека руската инвазија врз Украина ја обедини демократијата и сите НАТО членки даваат поддршка за суверенитетот на Украина, а ја осудуваат руската агресија врз Украина.

Демократијата секако е посилна од антидемократијата од таа анти-НАТО пропаганда меѓутоа досега беше разединета, дисперзирана. Би рекол дека руската инвазија врз Украина ја обедини демократијата и денес без никаков поголем напор сите НАТО – членки, цел демократски блок има јасни пораки кои што велат – поддршка за суверенитетот на Украина, осуда за нападот на Русија врз Украина и дијалог за мир.

Ако имаше Украина хемиско или биолошки оружје сигурен сум дека досега ќе го употребеше и немаше да и дозволи на Русија да влезе и да и разурнува цели градови, рече Забрчанец.

Од другата страна имаме исто така јасни, но нелогични повторувачки руски пораки кои што велат – Украина ја нападна Русија, Украина произведува хемиско оружје, западот не му дозволува на Зеленски да преговара а на терен се случува нешто сосема друго. Русија уништува украински градови, Зеленски моли веќе да преговара. Ако имаше Украина хемиско или биолошки оружје сигурен сум дека досега ќе го употребеше и немаше да и дозволи на Русија да влезе и да и разурнува цели градови.

ТОП ВЕСТИ

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска...

Австрискиот претседател Ван Дер Белен и претставници на 30 компании во вторник во Македонија

Во вторник го дочекуваме австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен како дел од западнобалканската политичко економска турнеја. Во делегацијата со Ван Дер Белен ќе...

Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита...

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...