Заев-Меркел: Македонија треба да ги започне преговорите, проширувањето на ЕУ со Западен Балкан не смее да се одлага

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево остварија билатерална средба со германската канцеларка на Сојузна Република Германија Ангела Меркел во Тирана.

Билатералната средба следи по официјалниот работен ручек којшто канцеларката Меркел, во рамките на својата посета на Западен Балкан, го организираше со лидерите на земјите од регионот на кој главна тема беше регионалната соработка.

„ На билатералната средба со канцеларката Меркел, премиерот Заев ги изнесе позициите на Република Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање на проблемот кој го наметна соседна Бугарија. Премиерот Заев нагласи дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ, со кој се почитуваат заложбите и на двете страни за унапредување на меѓусебните односи и за евроинтегративните процеси во регионот, пренесе владината прес-служба.

Премиерот Заев исто така се осврна и на иницијативата Отворен Балкан која се темели токму на принципите на функционирање на Европската Унија.

„ Нам ни е потребно што е можно побрзо решавање на политичките пречки и интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Ние успешно ги завршивме нашите домашни задачи, но тоа не значи дека запираме тука, напротив секој ден работиме и се бориме за подобро утре за нашите граѓани“, истакна премиерот Заев на билатералната средба со канцеларката Меркел.

Канцеларката Меркел се согласи со владината делегација дека ЕУ интеграцијата и на Северна Македонија и на регионот не смее да продолжи да се одложува и дека постојаниот напредок е нотиран од страна на сите релевантни европски институции и меѓународни партнери на државата.

Премиерот Заев и канцеларката Меркел разговараа и за трговската размена помеѓу двете држави и за дополнително унапредување на економските инвестиции во државата со оглед на поволната бизнис клима која ја прави Германија број еден трговски партнер на Северна Македонија во континуитет со години.

На средбата претседателот на Владата Зоран Заев се заблагодари за личниот ангажман на канцеларката Меркел за нејзината севкупна посветена работа и непроценлив придонес за зајакнување на односите на СР Германија со Северна Македонија како и за нејзината поддршка и поддршката на нејзината земја на нашиот пат до членството во НАТО и во процесот за членство во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...