Заменик директорот Дехари оствари средба во црногорскиот министер за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Стијовиќ

Реализирана работна средба.
Во просториите на дирекцијата на ЈП”Национални шуми” на 14.09.2021 година се реализира работна средба помеѓу делегацијата од Република Црна Гора во чиј состав беше присутен Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Александар Стијовиќ и Државната секретарка г-ѓа Николина Мишниќ и од наша страна, Директорката г-ѓа Јулиана Николова и Заменикот директор др. Берат Дехари.
На состанокот е разговарано за интензивирање на соработката и техничкото унапредување на системот за заштита на шумата од шумски пожари, каде Република Северна Македонија како домаќин на секторот за вонредни ситуации работи на воспоставување центар за делување во кризни ситуации.
Воспоставувањето соработка со цел дополнување на комплементарниот систем би било од големо значење, за да се обезбеди усогласено делување во случај на појава на шумски пожари од поголеми размери. Во таа смисла е разговарано и за формирање на заеднички центри за обука.
Исто така, на состанокот е разменето мислење за пласирање на производите на режана граѓа на четинари и дрвена столарија и дрвени куќи. Во блиска иднина е планирано потпишување на Меморандум за заедничка соработка.

 

ТОП ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...