Денеска во Министерството за одбрана, заменикот министер Башким Хасани се сретна со амбасадорот на Финска во нашата земја, Кимо Лахдевирт.
На средбата беше искажана силната поддршка на Финска за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европска Унија, а беше потврдена и заложбата за зголемување на меѓуармиската соработка.