Западен Балкан доби свое место во Стратешкиот компас на ЕУ


Западен Балкан доби свое место во Стратешкиот компас како идна воена стратегија на Европската Унија.

Во Документот се посочува дека „безбедноста и стабилноста низ Западен Балкан се се уште нецелосни поради растечкото странско мешање, кампањи за манипулација со информации, како и потенцијално прелевање од сегашната влошена европска безбедносна ситуација“.

– Видливиот напредок во владеењето на правото и реформите засновани врз европските вредности, правила и стандарди треба да продолжат, а европската перспектива е стратешки избор, суштински за сите партнери кои бараат членство во ЕУ – се вели во Стратешкиот компас за Западен Балкан.

Со Стратешкиот компас земјите-членки на ЕУ усогласуваат заедничка стратешка визија за улогата на Унијата во безбедноста и одбраната и се обврзуваат на серија конкретни и широки насоки за постигнување на тие цели во следните пет до десет години. Како што е официјално објаснето, имајќи ја предвид таа цел „ЕУ прво треба да го процени своето специфично стратешко опкружување и приоритети“.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на вчера одржаната средба дадоа зелено светло за Стратешкиот компас, а Документот треба да добие формална потврда на лидерскиот состанок на Унијата закажан за оваа седмица.

ТОП ВЕСТИ

Роналдо по новиот рекорд: Одлично е што уште играм и постигнувам голови

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIКристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот...

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...