Западен Балкан плодна почва за хибридни режими


„Фридом хаус“ го објави својот најнов извештај

Повеќето од земјите од Западен Балкан сè уште се во категоријата хибридни режими или влади во транзиција, освен Хрватска, која е означена како полуконсолидирана демократија, се вели во извештајот објавен во невладината организација „Фридом хаус“, со наслов „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.
Извештајот „Земјите во транзиција“ на „Фридом хаус“ е годишен преглед на демократските реформи спроведени од 29 поранешни комунистички држави во Централна и Источна Европа. Оваа невладина организација го составува и објавува од 1995 година.
„Дефинитивно, ниту еден хибриден режим во регионот не успеа да ѝ пркоси на гравитацијата на сивата зона од 2002-та. Во овој период, Албанија, Македонија и Србија флертуваа со либералната демократија, додека Ерменија и Молдавија издржаа авторитарни епизоди, но сите се вратија на хибриден режим до 2021 година“, оценува извештајот.
Според извештајот, Србија трета година по ред не спаѓа во категоријата демократски држави – туку меѓу хибридните режими во кои, според „Фридом хаус“, власта се заснова на авторитаризам како последица на нецелосни демократски промени. Во документот, меѓу другото, „Фридом хаус“ го анализира и начинот на кој е потпишан договорот за изборните услови пред гласањето во Србија на 3 април, а се споменува и појавата на ад хок политички и граѓански опции чија цел, според извештајот, била да ги ослабат противниците на прогресивците. Вкупните резултати на Србија се намалени од 3,89 на 3,79, што значи пад од 48 на 46 отсто.
Заедно со Србија, најдрастично назадување постигнала Босна и Херцеговина во областите на демократското владеење на национално ниво и граѓанското општество.
Демократијата во областа од Централна Европа до Централна Азија слабее во последните 18 години. Само шест од 29 држави останаа во категоријата консолидирани демократии, што е помалку од осум во 2004 година. Тоа се Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Словачка и Словенија. Дури и во оние земји што се членки на НАТО и на Европската Унија – ефектите од нелиберализмот и корупцијата во 2021 година придонесоа за влошување на перформансите.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...